Soobrakjajna psihologija
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo:
Tehnički fakultet, Bitola
СОДРЖИНА:
ВОВЕД
Во оваа семинарска работа се разгледани и
објаснети влијанијата на низа фактори врз бројот на сообраќајни незгоди, како и
неколку теории со кои се објаснува појавувањето на незгодите во серија и
индивидуално. Клучни фактори врз кој се темели бројот на сообраќајни незгоди
се:
Возраста, каде што можат да се издвојат две
основни групи на возачи – млади и неискусни; и возачи во поодминати години со
забавени психомоторни способности.
Искуството, кое е индиректно поврзано со
возраста.
Полот, кој е релативен фактор и тешко можеме со
сигурност да кажеме дали мажите или жените се посклони на незгоди.
Видот е еден од позначајните фактори бидејќи
целокупното учество во сообраќајот се заснова на перцепцијата на предмети ,
луѓе и возила.
Психомоторните способности се критичен фактор
најчесто во подоцнежните години од животот и при употреба на одредени лекови,
дрога и алкохол. Во продолжение ке проследиме некои графици кои го прикажуваат
учеството на овие фактори во сообраќајните незгоди.
СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ
Сообраќајните незгоди се проучувани во тесна
поврзаност со индустриските несреќи, иако се јавуваат во различни средини,
постои разлика во начинот како се појавуваат. Тие заедничко имаат во оној
најбитен субјективен дел на појава, бидејќи ги причинуваат слични човечки
фактори. Сообраќајните несреќи поради човечките жртви и големите материјални
штети во сите социјални средини претставуваат проблем од голем друштвен
интерес, поради што се проучува нивната појава и се посветува големо внимание.
Не постои општа дефиниција за несреќи, дефиниција која би одговорила во сите
домени во кои се разгледуваат несреќите. Дефинициите за несреќи, најповеќе се
насочени кон факторот кој ги причинува, а тоа е човечкиот фактор, во која
односот на човекот, кон средината има критична улога. Еве една таква дефиниција
за несреќи: “ во серија на случаи од кои секој е планиран или контролиран, се
појавува еден непланиран случај кој е резултат на некоја неприлагодена акција
од страна на поединец (различно условен) кој може но не мора да се резултира во
несреќа.” Описно дефинирано во сообраќајните ситуации, несреќи се всушност
последица на судир на два објекта на некој простор во кој некој од нив се движи
и кој резултира на штета или повреда.
Најголемите грешки кои се случуваат се
однесуваат на насочување на вниманието кон поедини прочинители или едноставно
комбинации на причинители. Меѓутоа за да се сфатат прочините за несреќи треба
да се откријат и анализираат разни причинители. Кога би поедноставиле, сите тие
многубројни причинители би можеле да бидат во две најшироќи категории. На оние
кои потекнуваат од човечкиот фактор неговиот однос во средината, кои се
однесуваат на патот, осветленоста, карактеристиките на возилата и и сообраќајот
и др. Научниот пристап на проучување на сообраќајните несреќи битно се
разликуваат од индивидуалните несреќи. При анализа на сообраќајните несреќи
обично со еден или повеќе причинители кои непосредно се согледуваат при
утврдувањето на одговорност на учесниците, но при тоа се занемаруваат безброј
други причинители кои учествуваат во тоа. Оваа врста на истражувања е многу
поуспешна од инженерска отколку од психолошка страна. За вистинско разбирање на
суштината и можните причинители потребна е анализа на поголем број на несреќи,
што овозможува да се откријат причинителите кои ги предизвикуваат истите.
Ваквиот пристап на проучување на несреќи ја истакнува статистичката природа на
причинителите на несреќи. Према тоа основно во овој пристап што влијае на
веројатноста на појава, а не што конкретно ја предизвикувало несреќата, во
индивидуално разгледување на несреќата при вештачења и судски процеси. Во
случај под дејство на алкохол тоа може најдобро да се разбере. Со зголемување
на концентрацијата на алкохол во крвта познато е дека односот на возачот во
сообраќајот многу се менува и се зголемува веројатноста за сообраќајни несреќи.
Истражувањата на сообраќајни несреќи почнуваат во почетокот на овој век. Во истражувањата
доминираат, што се однесува на човечкиот фактор, главно два пристапа – клинички
и статистички. Клиничкиот пристап се базира на реконструкција на појава на
несреќа по основ на случувања кои непосредно и предходеле на несреќата.
Статистичките проучувања се усмерени на анализа на несреќи кои даваат
поврзаност на педини параметри на несреќите и на создавање на математички
модели кои ја објаснуваат распределбата на несреќи.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!